Путин: државните медиуми ќе бидат раководени од патриоти

Претседателот на Русија, Владимир Путин за време на „отворената линија“ која се одржа вчера, изјави дека државните медиуми ќе бидат раководени од патриоти.

Претседателот на Русија, Владимир Путин за време на „отворената линија“ која се одржа вчера, изјави дека државните медиуми ќе бидат раководени од патриоти.

„Сакам да ви кажам дека државните средства за масовно информирање треба да бидат раководени од патриотски настроени луѓе, луѓе кои ќе ги заштитуваат интересите на Русија. Тоа се државни ресурси, и тоа е логично така да биде“, изјави Путин, одговарајќи на прашање од новинар.

Според зборовите на претседателот, оваа пракса е апсолутно нормална и дава можност и право да се споредат разните мислења при создавањето на финални решенија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња