Пушков: Москва му го даде на Киев тоа што Европската унија не можеше

Шефот на комитетот во Државната Дума за меѓународни работи, Алексеј Пушков, изјави дека Москва му даде спасувачка финансиска поддршка на Киев. Ова тој го напиша на својот Твитер.

Шефот на комитетот во Државната Дума за меѓународни работи, Алексеј Пушков, изјави дека Москва му даде спасувачка финансиска поддршка на Киев. Ова тој го напиша на својот Твитер.

„Москва му го даде на Киев тоа што не можеше Европската унија: спасувачка финансиска помош. Разликата со предлогот од ЕУ веднаш се забележува. Изборот е очевиден“, напиша тој на својот Твитер.

Завчера Москва и Киев се согласија за доделување кредит на Украина во висина од 15 милијарди долари, но и намалување на цената на гасот. Премиерот на Украина, Николај Азаров изјави дека без овие договори со Русија, Украина ја чекал банкрот и социјален колапс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња