Претседателот на Русија: Украинците не знаат што им предлага ЕУ

Владимир Путин смета дека повеќето Украинци не знаат доволно за договорот за асоцијација со ЕУ, а незнаењето е дополнително зголемено со шпекулациите од страна на украинската опозиција.

Владимир Путин смета дека повеќето Украинци не знаат доволно за договорот за асоцијација со ЕУ, а незнаењето е дополнително зголемено со шпекулациите од страна на украинската опозиција.

„Треба да се прочита документот... Опозицијата многу лесно шпекулира со ’евро-темата’. Сакате ли да живеете како во Париз? Ајде, потпишувајте! А кој рекол: ајде првин да прочитаме?“, изјави Путин, одговарајќи на прашање на новинар за односот кон „евромајдан“.

„Ако некој кажува дека на украинскиот народ му ја украдоа европската мечта, ние со тоа немаме никаква врска. Тоа е избор на украинскиот народ и на легитимните украински власти“, додаде Путин.

Претседателот на Русија додаде дека доколку Украина се приближи кон ЕУ, „таа ќе стане обичен земјоделски додаток на еврозоната“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња