Ходорковски е на слобода

Владимир Путин го потпиша указот за помилување на Михаил Ходорковски. Се соопштува дека Ходорковски веќе ја напуштил колонијата каде беше затворен.

Владимир Путин го потпиша указот за помилување на Михаил Ходорковски. Се соопштува дека Ходорковски веќе ја напуштил колонијата каде беше затворен. 

„Раководејќи се од принципите на хуманоста, наредувам да се ослободи осудениот Михаил Борисович Ходорковски, роден во 1963 година во Москва. Нека биде ослободен од сите обвинувања. Овој Указ стапува на сила од денот на неговото потпишување“, се пренесува на интернет-страницата на Кремљ. 

Медиумите пренесуваат дека во 9:20 часот (по македонско време) излегол од затворот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.