Електростаљ и Струмица станаа збратимени градови

Градоначалникот на Електростаљ, Андреј Суханов и претседателот на Советот на депутати, Валериј Кузмин ја посетија Македонија, каде потпишаа договор за збратимување и пријателски односи со Струмица, пренесува прес-службата на шефот на градот.

„Властите на збратимените градови гледаат перспективи и заедничка корист во трговијата. Електростаљ е најголем индустриски град во Подмосковје, а Струмица е еден од најпознатите градови во Европа со своето земјоделско производство“, забележано е на конференцијата за печатот.

Додадено е дека „постојат можности овошјето и зеленчукот од Струмица да се најдат на масите на потрошувачите од градот Електростаљ, како и да го пополнат менито во локалните училишта“.

Двете страни се договорија за соработка и во индустријата, малиот и средниот бизнис, науката, образованието, културата, спортот, екологијата и туризмот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.