За две години Русија ќе ги истисне конкурентите на пазарот за снајперско оружје

Руските произведувачи на оружје за две години ќе ја создадат најдобрата снајперска пушка на светот, истиснувајќи ги со тоа светските конкуренти во областа на создавање на високопрецизно оружје, изјави Дмитриј Семизоров, директор на Централниот научно-истражувачки институт „ЦНИИТОЧМАШ“.

„Што се однесува до снајперското оружје, особено визокопрецизното, во последно време со него имавме мали проблеми. Тие проблеми завршија со појавата на нови претпријатија, кои сметам дека тој проблем го решија. Сметам дека за година до две нема да имаме конкуренти на светскиот пазар“, изјави Семизоров.

Според неговите зборови, руското оружје се смета за едно од најдобрите во светот. „Прво – тоа е поврзано со неговиот квалитет. Второ – нашето оружје се одликува со едноставност во користењето, и, секако – е евтино. Со нас тешко конкурираат дури Германците и Американците“, изјави Семизоров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.