Во САД Конгресот може да изгласа санкции кон украинските чиновници кои одобриле примена на сила на „евромајданот“. Ова го пренесува РИА Новости.
Оваа мерка е предложена во рамките на резолуцијата која е претставена од конгресменот Елиот Енгел.
„Конгресот ја повикува владата на Украина да ги казни виновните за растерувањето на мирните демонстранти и да ги ослободи тие кои се задржани поради реализацијата на своите демократски права“, напишано е во текстот на документот.
Притоа, во проектот се забележува дека во случај да се продолжи со примена на сила, Конгресот на САД може да донесе и санкции против тие кои наредиле растерување на присутните демонстранти со сила.
Реториката на САД и ЕУ се промени и се интензивираше после состанокот меѓу Путин и Јанукович, за време не кој беа поставени основните за нормализација на економските и политичките односи меѓу двете земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче