Адвокат: учесничките на Pussy Riot може да се најдат на слобода во четврток

Адвокатот на осудените учеснички на панк-групата Pussy Riot, Ирина Хрунова, смета дека Надежда Толоконикова и Марија Алехина можат да се најдат на слобода уште во четврток.

Адвокатот на осудените учеснички на панк-групата Pussy Riot, Ирина Хрунова, смета дека Надежда Толоконикова и Марија Алехина можат да се најдат на слобода уште во четврток. Ова го пренесува РИА Новости. Ослободувањето на учесничките на оваа група е поврзано со планот за амнестија по повод 20-годишнината од донесувањето на рускиот Устав.

Хрунова смета дека доколку директорот на затворот сака, процедурата на ослободување на девојките може да заземе само два часа. „Тоа значи дека Толоконикова и Алехина уште утре може да се најдат на слобода“, изјави Хрунова. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња