Руските паметни телефони ќе ги заштитат државните тајни за 5 години

Паметните телефони од руско производство ќе се појават во Русија во следните 3 до 5 години, ова го пренесува Интерфакс, повикувајќи се на раководителот на Министерството за телекомуникации, Николај Никофоров.

„Тие паметни телефони ќе ги заштитуваат државните информации далеку подобро отколку телефоните од странско производство. Сите државни службеници ќе имаат такви телефони“, забележа министерот.

Тој додаде дека современите електронски уреди не можат во целост да ја заштитат службената информација.

Претходно беше соопштено дека руската компанија YotaDevices започна со производство на паметниот телефон YotaPhone, чија главна предност се двата екрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња