Русија ја намали цената на гасот за Украина за една третина

Руската компанија „Гаспром“ и украинската компанија „Нефтогас“ потпишаа анекси на договорите за купопродажба на природен гас, како и за условите за транзитот на природниот гас, пренесува кореспондент на Газета.Ру.

Документите се потпишани во присуство на претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Украина, Виктор Јанукович.

Цената на гасот во следниве 10 години ќе изнесува 268,5 долари за илјада кубни метри гас.

Досега цената на гасот за Украина изнесуваше 410 долари за илјада кубни метри гас.

Претседателот на Русија, Владимир Путин после потпишувањето на документите изјави дека овие договори за намалување на цената на гасот за Украина е само привремено решение. „Русија е подготвена и понатаму да оди во пресрет на партнерите, но пред нас има задача за создавање на ефективна шема за соработка, преминување од постојаните дискусии за цената кон попрагматична соработка, како за испораките на гас во Украина, така и за сигурниот транзит“, додаде Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња