Русија и Украина потпишаа акциски план за регулирање на трговските ограничувања

Русија и Украина потпишаа акциски план за регулирање на трговските ограничувања во билатералната трговија во 2013-2014 година. Ова се случи после преговорите меѓу претседателите на двете земји, пренесува Газета.Ру.

Се пренесува дека министрите за индустрија на двете држави потпишаа договор за реализација на државни мерки за поддршка и рестартирање на сериското производство на авионите од семејство Ан-124 со моторите Д-18Т.

Беше потпишан и договор за заеднички дејства околу изградбата на патот преку Керченскиот пролив.

„Убеден сум дека реализацијата на овој проект ќе дозволи да се зголемат испораките од украинско производство во Русија и другите држави на Царинската унија. Суштествено ќе се зголеми и работата на индустриските претпријатија во Украина, ќе бидат отворени дополнителни работни места“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња