За одржување на стратешкиот баланс на Русија доволни ќе ѝ бидат 1.500 нуклеарни боеви глави во составот на ударната група на стратешките нуклеарни сили. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Сергеј Каракаев, командант во Ракетните стратешки војски.
Според зборовите на Каракаев, толку нуклеарни боеви глави во моментов имаат и вооружените сили на САД.
„Нема да наведувам точен број на ракети и боеви глави кои ги имаат САД. Само ќе забележа дека кај нив намалувањето на бројот на проектили се компензира со голема модернизација и понатамошно усовршување на ракетното и специјалното вооружување на стратешката тријада преку додавање на нови својства и квалитети, и Русија тоа го знае“, резимираше Каракаев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче