Русија на својата територија мора да создаде поволни услови за живот и работа на украинските државјани. Ова го изјави претседателот Владимир Путин на состанокот со Виктор Јанукович во Москва, пренесува РИА Новости.
Според официјалните податоци, во Русија работат околу 1,5 милиони граѓани на Украина, а според други процени - најмногу 5 милиони.
Јанукович од своја страна ја подигна темата за соработката во општествената сфера меѓу Русија и Украина.
„Следната 2014 година е јубилејна година, посветена на 200-годишнината од раѓањето на Тарас Шевченко. Тоа е поет кој ги соединува нашите народи“, изјави украинскиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче