Според материјалите кои ги предаде Едвард Сноуден на норвешките медиуми, службата за разузнавање на Норвешка им давала на САД информации за дејноста на руските власти во арктичкиот регион. Ова го пишува The Local.
Норвешкото издание Dagbladet се повикува на документ од Сноуден, во кој тој ги сумира делата на НСБ од САД со службите во Норвешка. Според зборовите на Сноуден, норвешкото разузнавање има пристап како до руските воени објекти на Колскиот полуостров, така и до регионалните цивилни проекти во областа на производството на нафта и гас.
Во документот исто така се кажува дека бројот на разменети информации меѓу НСБ и службите во Норвешка се зголемува.
Шефот на разузнавањето на Норвешка, Хјел Грандхаген ја потврди оригиналноста на овој документ, но забележа дека информацијата за дејноста во него спаѓа во рамките на националните закони.
Претходно беше соопштено дека Шведска им помага на американските разузнавачки служби во разузнавањето против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче