Аномалните температури не им даваат на мечките во тајгата зимски сон

Аномално топлото време не им дава на мечките да заспијат во руските тајги. Вчера била забележана мечка во краснојарската тајга, изјави за РИА Новости раководителот на службата за лов, Владимир Званцев.

Овој декември е посебно топол во Краснојарск: средната дневна температура во првите две недели за некој степен под нулата, а наместо снег – врнеше дожд. Синоптичарите изјавија дека претходниот месец е најтопол месец во последните 100 години во овој регион.

„Поради аномално топлото време, мечките околу Краснојарск не можат да заспијат. Не само тоа, дождот ги брка од засолништата. Луѓето досега виделе три мечки“, изјави Званцев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.