Во Твер повторно ќе бидат активирани полигони за тестирање на технологиите за намалена радарска забележливост, т.н. „стелт“ технологија, која ја користи ловецот од петтата генерација Т-50, пренесува „Известија“.
Од федералниот буџет за обнова на комплексот за извршување на потребните испитувања се издвоени 1,7 милиони рубљи за тестовите. Научноистражувачкиот центар во Твер ќе добие дополнителни 6,5 милиони рубљи за поправка на балистичките уреди за лансирање на макети на противавионски ракети.
Според зборовите на претставникот на Центарот, тестирањето на степенот на забележливост во Центарот е поевтино и поефикасно, отколку вршењето испитувања во реални услови. Освен тоа, комплексот за вршење тестови овозможува да се работи со технологија и техника која уште од почетокот на нејзиното создавање се тестира за можноста за рефлексија на радарското зрачење од одредени компоненти и материјали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче