Украинските националисти ја плашат јавноста со руски упад на Крим на 23 декември

„Проруските сили на Крим подготвуваат специјална операција која ќе ја загрози територијалната целосност и безбедност на Украина“, се кажува во вчерашното соопштение на украинската националистичка партија „Свобода“, пренесуваат украинските и руските медиуми. Партијата „Слобода“ функционира и во Врховната Рада, а нејзиниот лидер Олег Тјагнибок е еден од организаторите на „Евромајдан“.

„Неодамна претседателите на партијата „Руски блок“ и „Руско единство“ се состанаа со генералниот конзул на Русија на Крим, Вјачеслав Свеетличним. Во текот на состанокот бил утврден планот за организирање на крупен „Антимајдан“ на Крим. Главното барање негово би било спроведување на сеукраински референдум за независност на Крим“, се кажува во соопштението на партијата „ Свобода “.

„Главните сили на органите на редот од Крим сега се во Киев, а нивното отсуство за време на одржувањето на кримскиот „Антимајдан“ планирано да се искористи и за „антитерористички вежби“ со учество на морската пешадија на Црноморската флота на Русија, разместена во Севастопол. За време на спомнатата „антитерористичка операција“ руските маринци под изговор на обезбедување на заштитата на објектите на Црноморската флота на Русија, планираат заземање на Севастопол“, тврдат националистите.

„Наведеново сведочи за непосредната опасност за територијалната целосност на украинската држава“, нагласува „Свобода“. Засега нема официјални коментари околу ова соопштение од партијата „Свобода“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.