Русија ѝ вети кредит на Украина

Помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов верува дека е можно Русија да ѝ одобри на Украина кредит доколку пристигне такво барање, пренесува „Интерфакс“.

Помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов верува дека е можно Русија да ѝ одобри на Украина кредит доколку пристигне такво барање, пренесува „Интерфакс“.

„Ситуацијата во Украина во моментов е таква, што економската стабилност е неодржлива без одобрување на некој вид кредит од една или друга страна“, изјави Белоусов, додавајќи дека одлуката за одобрување на кредит на Украина би можела да биде донесена наскоро.

Тешката економска ситуација беше официјалната причина поради која украинските власти се откажаа од потпишувањето на договор за приклучување кон ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.