Индустриското производство во Русија во текот на ноември се намали за 1%, наспроти падот од 0,1% во октомври. Притоа, падот на индустриското производство од јануари до ноември изнесува 0,1%, сведочат податоците од Руското биро за статистика.
Министерството за економски развој на Русија во почетокот на декември по трет пат ја намали прогнозата за растот на индустриското производство во Русија од 0,7% до 0,1%. Министерот Алексеј Улјукаев очекува подобрување на динамиката на производството во Русија до крајот на годината.
Индустриското производство суштествено се намали во Русија во последниот квартал од 2012 година, а во јануари и февруари 2013 година покажа и пад од 0,8%, односно 2,1%. Во првите пролетни месеци тој изнесуваше 2,6% и 2,3%, но индустријата во мај повторно забележа пад од 1,5%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче