На Московската железничка станица во Санкт Петербург приведени се двајца младичи кои од Москва допатуваа во Санкт Петербург на кровот на брзиот воз „Сапсан“, објавено е на 16 декември на интернет-страницата на „Лента.ру“.
Приведените младичи оваа постапка ја објасниле како желба за силни емоции и авантура.
Сличен случај беше забележан во февруари годинава во близината на Санкт Петербург, кога од кровот на брзиот воз бил симнат 24-годишниот граѓанин на Молдавија кој носел само шорцеви и пасош.
Релацијата Москва - Санкт Петербург (700 километри) брзиот воз „Сапсан“ ја поминува за само 4 часа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче