Бројот на Руси кои активно се интересираат за политиката падна до 1%

Бројот на Руси кои активно ги интересира политиката во последниве две години падна од 3% на 1%, сведочат податоците од анкетата објавена од Левада-центар.

Бројот на Руси кои активно ги интересира политиката во последниве две години падна од 3% на 1%, сведочат податоците од анкетата објавена од Левада-центар.

Според анкетата, делумно се интересираат со политика 28% од испитаниците, што е за 3% помалку отколку во анкетата во 2011 година.

Притоа, „многу се интересираат“ со случувањата во политичката сфера само 1% од испитаниците (наспроти 3% во октомври 2011 година). Максимална заинтересираност во политичките процеси покажале Русите во 2004 и 2007 година - 44%.

Не ги интересира политиката 41% од Русите, а 26% воопшто не следат што се случува во таа сфера.

Притоа, вреди да се забележи дека најмногу политиката ги интересира жените - 72% и лицата со  низок степен на образование (73%). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња