Првите пазари за елки започнаа со работа во Москва

Првите пазари за елки започнаа со работа вчера, на 15 декември во главниот град на Русија, пренесува за РИА Новости претставник од секторот за трговија и услуги на градот Москва.

Првите пазари за елки започнаа со работа вчера, на 15 декември во главниот град на Русија, пренесува за РИА Новости претставник од секторот за трговија и услуги на градот Москва.

„Претприемачите ќе започнат да ги отвораат своите тезги на 15 декември, иако и тоа е малку рано, но ние немаме ништо против“, изјави претставник од градот.

Тој додаде дека ќе бидат отворени преку 250 пазари за елки.

Вештачка елка ќе може да се купи за околу 700 денари, а цените за живите елки ќе изнесуваат минимум 900 денари за метар висина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.