Премиерот на Украина, Николај Азаров, изјави дека Киев сака да добие силни позиции во преговорите со Европската унија и со Русија, но притоа сака да учествува како партнер на исто ниво со земјите од Европа.
„Ние сакаме да добиеме силни позиции за Украина и на преговорите со ЕУ, и на преговорите со Русија. Само тогаш нас ќе не почитуваат“, изјави Азаров, настапувајќи во Киев на митингот на поддржувачите на претседателот Јанукович.
Според зборовите на украинскиот премиер, асоцијацијата во ЕУ не предвидува укинување на визниот режим меѓу ЕУ и Украина. Тој повика да не се разделува Украина на два дела, бидејќи сите имаат иста цел - европска иднина.
Владата на Украина на 21 ноември ја прекина подготовката за склучување на договор за асоцијација со ЕУ, мотивирана од неопходноста за развој на економските односи со Русија и ЗНД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче