Министерството за одбрана на Русија објави дека паднал МиГ-31 во Приморскиот крај. Како што пренесува РИА Новости, повикувајќи се на конференцијата за печатот во Министерството за одбрана, кај авионот најверојатно откажал еден од моторите.
„Авионот МиГ-31 извршуваше пробен лет после поправките. Во него летаа искусни пилоти за пробни летови кои имаат по 2.000 часа летачко искуство“, изјавено е на конференцијата за печатот.
Авионот се сруши недалеку од Владивосток. Пилотите успеале да го пилотираат авионот накај безбедна зона, со што се избегнале жртви и материјална штета. Пилотите успешно катапултирале и се приземјиле недалеку од бензинска пумпа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче