Во Белорусија ќе се отвори прв бар во кој рускиот јазик ќе биде дискриминиран

Во Минск се отвора бар во кој храната и пијалаците ќе се продаваат за 15% пониска цена на гостите кои во локалот ќе зборуваат на белоруски јазик, пренесуваат медиумите.

Во Минск се отвора бар во кој храната и пијалаците ќе се продаваат за 15% пониска цена на гостите кои во локалот ќе зборуваат на белоруски јазик, пренесуваат медиумите. Овој локал би требало да биде отворено во самиот центар на градот, на улицата Карл Маркс - на истата улица каде се наоѓа зградата на кабинетот на претседателот на Белорусија.

Во Белорусија постојат два официјални јазика, бидејќи 83,3% од граѓаните на Белорусија во 1995 година гласаа на рускиот јазик да му се додели статус на официјален јазик. Сепак, властите на Белорусија во 2012 година започнаа притисок врз населението кое зборува на руски преку методи на агресивна реклама и дискриминација по јазична основа. Властите во краток временски период ги тргнаа називите на улиците, населбите и сообраќајните станици на руски јазик и сите ги преведоа на белоруски без додавање на руските варијанти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња