Проектот „Кортеж“ („Поворка“), кој треба да обезбеди автомобили од домашно производство за државниот врв на Русија, треба во целост да биде активран во 2018 година, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на министерот за индустрија и трговија, Денис Мантуров.
Овој проект е поверен на Научно-истражувачкиот автомобилски институт. „Првиот модел ќе биде претставен уште на почетокот на следната година. Ќе бидат прикажани и макети на миниавтобуси и теренци“, изјави Мантуров.
Пазарната цена на автомобилите кои ќе бидат создадени со овој проект ќе изнесуваат најмалку 2 милиони рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче