Русија ѝ вети на Србија пет милијарди долари. Белград оваа сума ќе ја добие како дел од средствата кои се вложуваат во веќе постојните енергетски проекти, пренесува ИТАР-ТАСС.
Како што соопшти министерот за енергетика на Русија, Александар Новак, после завршетокот на 12-то заседание на Меѓувладиниот руско-српски комитет за трговија, економска и научнотехнолошка соработка, средствата ќе бидат насочени и за „завршување на реализацијата на договорот за реконструкција на пругите.“
„Гледаме дека нашата соработка се качи на едно ново ниво и се диверзифицира, и тоа во сите економски сфери, не само во енергетиката“, изјави Новак. „Русија и Србија отсекогаш биле поврзани преку културните и историски вредности. Ги имаме сите услови за продолжување на развојот на нашите односи и одржување на достигнатото темпо.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче