Русија и Белорусија можено е да воведат заедничка валута

Рускиот премиер Дмитриј Медведев смета дека е неопходно внимателно да се разгледаат сите последици од евентуалното воведување на заедничка валута во Русија и Белорусија, пренесува РИА Новости.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев смета дека е неопходно внимателно да се разгледаат сите последици од евентуалното воведување на заедничка валута во Русија и Белорусија, пренесува РИА Новости.

„Секоја монетарна унија и воведување на заедничка валута претставува најголем степен на интеграција, па затоа пред донесувањето на конечната одлука треба внимателно да се разгледаат сите последици. Тоа е неопходно за да нема проблеми“, изјави Медведев на конференцијата за печатот одржана во петокот, после завршетокот на преговорите со премиерот на Белорусија, Михаил Мјасникович.

Мјасникович додаде дека во билатералната трговија Русија и Белорусија дури и сега често се користи руската рубља. Белоруската берза ја користи руската рубља за повеќето операции денес.

„Тоа е прв чекор кон создавање на монетарна унија“, изјави белорускиот премиер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.