Германските медиуми, повикувајќи се на извори во безбедносните структури, пишуваат дека Русија разместила ракетни комплекси „Искандер“ во Калининградската област.
Според податоците на медиумите, за тоа сведочат тајните снимки од сателитите. Bild пишува дека на снимките се гледаат „не помалку од десет“ комплекси „Искандер-М“ во Калининград, вдолж границата со државите од Прибалтикот (Литванија, Летонија и Естонија). Разместувањето на „Искандерите“ можно е да се одвивало во последнава година, забележува изданието.
Оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер-М“ е предназначен за уништување на различни земни цели: ракетни комплекси, артилерија, објекти и системи за противвоздушна и противракетна одбрана. Комплексот се одликува со голема мобилност, лесно може да се скрие и потребно е малку време за подготовка за лансирање на проектилите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче