Пратениците од Либерално-демократската партија на Русија поднесоа во Државната Дума предлог-закон, со кој на граѓаните на Русија и на странците кои во Русија работат по договор им се забранува во текот на работното време да зборуваат на странски јазици, пренесува агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на администрацијата на Држвната Дума.
„Сега многу странски граѓани и лица без државјанство кои во Русија работат по договор често не го знаат рускиот јазик, т.е. официјалниот јазик на земјата во која работат. Затоа на работното место меѓусебно да разговараат на мајчиниот јазик“, објаснуваат пратениците во ЛДПР.
Овој предлог-закон ќе допринесе странските граѓани кои сакаат да работат во Русија да го подобрат знаењето на рускиот јазик, сметаат авторите на документот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче