Русија ќе конструира нов лесен авион-ловец

Русија ќе конструира нов авион-ловец како дел од државната програма за вооружување, соопшти потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин на пленарната седница во Државната Дума, напомнувајќи дека лесните авиони-ловци се доста барани на странскиот пазар.

Рогозин не соопшти за каков вид авион-ловец станува збор. Првиот произведувач на лесни авиони-ловци е руската корпорација МиГ. Најновиот авион од оваа корпорација е ловецот МиГ-35.

Лесните борбени авиони доста време се произведуваат и од Конструкторското биро „А.С. Јаковлев“. Таму се произведува борбениот авион ЈАК-130, кој, покрај останатото, може да биде користен и како јуришен авион. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња