Рогозин: Русија ќе избегнува трки за вооружување, но ќе одговори на опасностите

Било кој потенцијален агресор треба да сфати дека од Русија ќе следи асиметричен одговор во случај на било какви дејства во сферата на противракетната одбрана и обидите да се произведе оружје со хиперсонични брзини, изјави за новинарите заменикот премиер на Русија, Дмитриј Рогозин, забележувајќи дека Русија нема да се впушта во нови трки за вооружување.

„Било кој агресор треба да разбере дека што и да прави во рамките на противракетната одбрана, производството на оружје со хиперсонична брзина, со цел – уништување на рускиот нуклеарен потенција – тоа е илузија“, изјави Рогозин.

„Ние категорично ќе избегнуваме впуштање во нови трки за вооружување. Постојано се обидуваат да нѐ вовлечат во такво сценарио, исто како што направија и со Советскиот Сојуз. Но ние ги научивме лекциите и нема да ја направиме истата грешка“, додаде Рогозин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.