Идеологијата на конзерватизмот може да ја претвори Русија во единствената држава која може да ги привлече државите кои не сакаат да се откажат од традиционалните вредности, бидејќи уште сега таа позиција на Руската Федерација предизвикува симпатија во светот, сметаат анкетираните политиколози, интервјуирани од РИА Новости.
Претседателот на Русија во четвртокот за време на обраќањето пред Федералното Собрание изјави за неговата намера да се држи до позициите кои ги заштитуваат традиционалните вредности. Експертите, според ова, согледуваат желба кај претседателот да го задржи конзервативниот курс по кој тргна Русија.
Според мислењето на Михаил Ремизов, Русија става акцент на традиционалните вредности, за кои смета дека можат да станат новата „мека сила“ на Русија. Од друга страна, Алексеј Зудин забележува дека во Русија конзерватизмот има лоша репутација, бидејќи него го поврзуваат со сѐ што е старо, а сѐ што е старо – со тоа што е одживеано.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче