Министрите на Русија и Србија разговараа за економската соработка

Дванаесеттиот состанок на меѓувладиниот руско-владин комитет за трговија, економска и научна соработка се одржа вчера во Белград, изјави амбасадата на Русија во Србија.

Дванаесеттиот состанок на меѓувладиниот руско-владин комитет за трговија, економска и научна соработка се одржа вчера во Белград, изјави амбасадата на Русија во Србија.

На состанокот се разговарало за актуелните прашања на билатералната трговско-економска соработка и основните правци за нејзиниот понатамошен развој. На чело на руската делегација допатувал Александар Новак, а од српската страна – министерот за природни ресурси и територијално планирање – Милан Бачевиќ.

На крајот од состанокот беше потпишан протокол со заклучоците од средбата, а беа најавени и датите за одржување на средба во Москва во 2014 година.

Според податоците од Федералната царинска служба, за првите девет месеци од 2013 година обртот на стоки меѓу Русија и Србија изнесува 1,32 милијарди долари, што е повеќе од 2012 година за 13,5%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња