Премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев смета дека посетата не европските пратеници на плоштадот во Киев е грубо мешање во внатрешните равоти на Украина и дека тоа е неприлично однесување во 21 век, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Гледајќи од страна тоа изгледа доста глупаво - активни министри, европски пратеници одат на плоштад. Сметам дека тоа е неприлично однесување за 21 век“, изјави на конференцијата за печатот Медведев во Москва.
„Заминувањето на одредени претставници на ЕУ и други држави на активни во граѓанска смисла места не може поинаку да се нарече, освен грубо мешање во внатрешните работи на суверена држава“, изјави рускиот премиер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче