По повод денот на независноста на Финска, на официјалната интернет-страница на познатиот фински весник "Uusi Suomi" беше објавено писмо на познатиот пратеник од партијата „Вистински Финци“, Рејоа Тосавинен.
Авторот на писмото категорично тврди дека „современа Финска не е независна“ и дека поради тоа одбележувањето на овој празник нема никаква смисла. Тој наведе дека финската нација „се родила и развивала во составот на Руската Империја под раководството на императорот.“
Рејо Тосаваинен исто така наведува дека Финска, додека била во состав на Руската Империја, имала свои сопствени закони и администрација, и дека од 1808 година, по наредба на императорот, руските чиновници не можеле да се мешаат во внатрешните работи на Финска.
„Законодавството на ЕУ е над финските закони, дури и над финскиот Устав“, истакнува Тосаваинен и додава: „Додека беше во составот на Руската Империја, Финска имаше своја царина, своја валута, и дури своја сопствена централна банка, додека современиот царински сектор на Финска во целост е управуван од ЕУ, а сите одлуки за финансиската политика на земја се донесуваат од Европската централна банка.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче