Украина и ЕУ се договорија за преговорите без Русија

Европскиот пратеник Штефан Филе изјави дека Украина и Европската унија се договориле процесот на асоцијација на Украина со ЕУ да тече да се консултира Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Европскиот пратеник Штефан Филе изјави дека Украина и Европската унија се договориле процесот на асоцијација на Украина со ЕУ да тече да се консултира Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Го уверувам украинскиот народ дека преговорите ќе продолжат. И понатаму се држиме кон евроинтеграциите на Украина. Европа од своја страна ја увери Украина дека процесот на евроинтеграциите ќе биде поволен за Украина“, изјави потпретседателот на владата Сергеј Арбузов.

Европскиот пратеник и потпретседател на владата се договорија да се подготви „акционен план“ за примена на договорот за приклучување и поддршка на Киев околу договорите со ММФ.

„Украина наскоро ќе го потпише договорот за приклучување кон ЕУ“, додаде претседателот на владата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња