Во 2014 година вооружените сили на Руската Федерација ќе добијат повеќе од 40 балистички меѓуконтинентални ракети и повеќе од 200 единици авиотехника, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Во 2014 година вооружените сили треба да добијат 40 најсовремени меѓуконтинентални балистички ракети, повеќе од 210 авиони и хеликоптери, повеќе од 250 единици оклопна техника. Ќе бидат вклучени во вооружувањето и нуклеарните подморници „Александар Невски“ и „Владимир Мономах“, како и нови сателити“, изјави Путин на заседание во Министерството за одбрана.
Тој спомна дека за една година уделот на нова техника во армијата ќе изнесува 30%. Притоа, претседателот укажа дека Министерството за одбрана треба да ја обезбеди целосната инфраструктура за новата техника.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче