Киев наскоро ќе потпише договор со ЕУ

Украина наскоро ќе го потпише договорот за асоцијација со Европската унија, изјави првиот заменик премиер на Украина, Сергеј Арбузов за време на заедничката конференција за печатот со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

„Украина наскоро ќе потпише договор за асоцијација со ЕУ“, изјави Арбузов.

Според неговите зборови, Украина „има политичка волја да го потпише договорот.“ Дипломатски извор во Брисел наведува дека договорот за асоцијација ќе биде потпишан на претстојниот билатерален самит во 2014 година.

Претходно Украина се откажа од потпишување на договорот за асоцијација со Европската унија. Русија предупредуваше дека зоната за слободна трговија со ЕУ и учеството во работата на Царинската унија не се компатибилни за Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.