Употребата на жестоки алкохолни пијалаци во Москва во текот на изминатите 10 години е намалена за 20%, соопшти Алексеј Немерјук, шеф на Московската канцеларија за трговија и услуги
Според неговите зборови, жителите на Москва сега повеќе пијат пиво и вино. „Тие преминуваат од жестоките на ’поблагородните’ пијалаци“.
„Кога станува збор за регионите од кои пристигнуваат алкохолните пијалаци, според податоците на Единствениот градски автоматизиран информативно-аналитички систем за продажба во Москва, на нашиот пазар има 86% домашен и 14% увозен алкохол“, кажува Немерјук.
Најмногу алкохол се увезува од Франција, Чиле, Италија, Бугарија и Ерменија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче