Товарниот брод „Прогрес М-21М“ ја зголеми орбитата на МВС за 1,7 км

Рускиот товарен вселенски број „Прогрес М-21М“, кој е споен со Меѓународната вселенска станица (МВС), со помош на своите мотори ја зголеми височината на летот на станицата за 1,7 километри, изјави за РИА новости претставник на Центарот за управување со летови.

Тој уточни тоа е пробна корекција на орбитата на станицата пред главниот маневар за зголемување на височината на МВС на 13 декември.

„Моторите на ’Прогрес’ работеа 461,2 секунди (речиси осум минути). Станицата доби импулс од еден метар во секунда. Како резултат на маневарот, средната височина на орбитата на МВС е зголемена за 1,7 километри. Минималната височина на орбитата на летот на станицата изнесува 418,3 километри, а максималната - 432,5 километри. Точните параметри ќе бидат познати покасно“, изјави соговорникот за агенцијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња