Централната банка на Руската Федерација како графички знак за означување на рубљата ја одбра буквата Р со хоризонтална цртичка. Овој симбол ќе се користи при печатењето на банкнотите, изјави за новинарите Елвира Набулина, претседателка на Централната банка на Русија.
Во изборот на графичкиот знак учествуваа 280.000 луѓе, а најпопуларен знак за нив е буквата Р со хоризонтална цртичка. За овој знак гласаа преку 61% од учесниците во изборот.
Новиот симбол на руската рубља би можел да се појави и на компјутерските тастатури.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче