Русија се откажа од украинските ракети „Зенит“

Украина до толку ги покачи цените за ракетите „Зенит“, што Роскомос ќе се откаже од нив во својата вселенска програма. Досега ракетите-носачи „Зенит“ се користеа од Русија за лансирања од космодромот Морски старт.

Еден од поранешните раководители на Роскосмос, Владимир Поповскин, изјави дека годинава во Роскосмос планирале да нарачаат две ракети-носачи „Зенит“ по старата цена од 26,5 милиони евра по ракета. Меѓутоа, наместо оваа понуда, Украинците побарале повеќе - 30 милиони евра за ракета. За „Роскосмос“ тоа губи секаква смисла, бидејќи за 33 милиони евра може да се набави ракетата-носач „Протон“ (која може да носи поголем товар). Поради тоа, украинските ракети не биле нарачани.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.