Рогозин: Ако биде нападната, Русија ќе одговори со нуклеарен удар

Потпретседателот Дмитриј Рогозин потсети дека Русија, доколку биде нападната, може да примени нуклеарно оружје.

Потпретседателот Дмитриј Рогозин потсети дека Русија, доколку биде нападната, може да примени нуклеарно оружје.

„Може колку што сака да се експериментира со разместувањето на конвенционалното оружје на стратешките носачи, но треба да се има предвид дека ние, ако бидеме нападнати, во одредени ситуации ќе прибегнеме кон користење на нуклеарно оружје за да се заштитиме“, изјави Рогозин за време на обраќањето во Државната Дума.

Тој потсети дека соодветните одредби веќе се содржат во воената доктрина на Русија.

Потпретседателот истакна дека секој агресор или група агресори треба да бидат свесни за тој факт.

„Ние  никогаш не сме ја потценувале улогата на нуклеарното оружје, бидејќи тоа е оружје за одмазда со кое во голема мера се изедначуваат шансите“, изјави Рогозин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња