Поранешниот вокалист на Led Zeppelin ќе настапи во Москва на 20 јуни

Поранешниот вокалист на рок-групата Led Zeppelin, Роберт Плант ќе допатува во Москва каде што ќе настапи на сцената на „Крокус Сити Хола“ на 20 јуни следната година, соопшти Мила Соловјова на својата страница на Фејсбук.

„Љубители на рокот во Москва - конечно дочекавте! Легендарниот Роберт Плант повторно во Москва! На 20 јуни во Коркус!“, напиша таа.

Групата Led Zeppelin е создадена во 1968 година. Во нејзиниот состав учествуваа Плант, гитаритот Џими Пејџ, бас гитаристот Џон Пол Џонс и перкусионистот Џон Бонем. Најпознати песни на групата се Stairway to Heaven, Immigrant Song и Whole Lotta Love. Последниот албум на оваа група излезе во 1979 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња