Коментар на Russia Beyond The Headlines во врска со создавањето на новата меѓународна новинска агенција „Русија денес“

Информацијата од определени медиуми дека меѓународниот проект на „Росијскаја газета“ Russia Beyond the Headlines влегува во составот на државната информациска агенција „Русија денес“ која беше создадена на 9 декември годинава, не соодветствува со вистината.

Информацијата од определени медиуми дека меѓународниот проект на „Росијскаја газета“ Russia Beyond the Headlines влегува во составот на државната информациска агенција „Русија денес“ која беше создадена на 9 декември годинава, не соодветствува со вистината. Според указот на претседателот Владимир Путин, издаден на 9 декември годинава, а со кој се определуваат дополнителните мерки за зголемување на ефективноста на државните медиуми (објавен на сајтот http://www.kremlin.ru/acts/19805), новата меѓународна информациска агенција „Русија денес“ се создава по пат на соединување и на обединување на државните информациски ресурси, како што се РИА Новости и радиото „Гласот на Русија“. „Росијскаја газета“ и проектот Russia Beyond the Headlines, кој таа го спонзорира, а кој го реализира Дирекцијата за меѓународни проекти на „Росијскаја газета“ во 22 земји во светот и во он-лајн формат, не влезе во новата структура на „Русија денес“ и ја задржуваат својата самостојност како одделни медиуми. 

Под закрила на Russia Beyond the Headlines се издаваат печатени додатоци за Русија во 28 весници од 22 земји, а исто така има и 18 сајта на 16 јазици. „Во неколку јазици и во некои земји називите на подлистоците и на Интернет-саjтовите во превод навистина се слични со називот на новообразованата структура „Русија денес“, - вели заменикот на генералниот директор на „Росијскаја газета“, раководителот на проектот RBTH Евгениј Абов. – Можеби затоа се појави и определено недоразбирање во прилозите и во коментарите на странските медиуми“. 

Во август 2013 година започна редизајн и ребрендинг на определени странски продукти на „Росијскаја газета“. Во моментов тоа се однесува на подлистоците во весниците The daily telegraph во Велика Британија, Washington Post во САД,  Folha do Sao Paolo во Бразил. Работата ќе продолжи и во 2014 година, кога поголемиот дел од подлистоците и од сајтовите на Russia Beyond the Headlines ќе бидат сведени под едноимен бренд.  На пример, тоа се однесува на Russland Heute (подлисток во Sueddeutsche Zeitung, Германија), Russia Oggi (La Repubblica, Италија), La Russie d'Aujourd'hui (Le Soir и Le Figaro, Белгија и Франција). Сите тие се дел од Russia Beyond The Headlines.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња