Емир Кустурица со групата The No smoking orchestra во пролетта 2014 за прв пат ќе ја посети Самара, каде ќе ја претстави музиката за својот нов филм „Љубовна трилогија“, изјави во средата за РИА Новости продуцентот на Кустурица, Мирко Раденовиќ.
„Музичарите ќе ги исполнат најдобрите песни, а исто така и материјал од својот нов албум, каде се најде музиката која Кустурица ја користеше и во филмот „Војна и љубов, или Љубовна трилогија“. Емир е сценарист на тој филм и ја игра во него главната улога заедно со Моника Белучи“, изјави тој.
Според зборовите на Раденовиќ, во Самара режисерот освен концерт, планира да разговара со публиката и да дели автограми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче