Во спорот на ЕУ со Русија европските партнери го поддржаа „Јужен тек“

Иднината на проектот „Јужен тек“ ќе биде една од темите на состанокот на министрите за енергетика ЕУ 12 во декември во Брисел.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и премиерката на Словенија, Аленка Братушек, на состанокот одржан на 10 декември разговараа за иднината на проектот за рускиот гасовод „Јужен тек“. Аленка Братушек истакна дека во моментот на потпишување на меѓудржавниот договор меѓу Словенија и Русија за изградба на гасоводот, овој документ бил во склад со законската регулатива на ЕУ. Вчера нејзиниот став речиси дословно го повтори министерот за енергетика ба Бугарија, Драгомир Стојнев, кој изјави дека проектот „Јужен тек“ во целост е во склад со бугарското законодавство, кое е усогласено од своја страна со европските прописи.“

Договорите за изградба на „Јужен тек“ на чело со Владата на Русија и „Гаспром“ потпишани се од шест членки на ЕУ (Словенија, Бугарија, Унгарија, Австрија, Хрватска, Грција) и Србија. Европската комисија, која претходно за овој проект зазеде неутрален став, минатата недела неочекувано соопшти дека овие меѓународни договори не се во склад со третиот енергетски пакет прописи на ЕУ, кој е на сила од 2009 година. Европската комисија се заканува дека ќе ја блокира работата на гасоводот доколку тој биде изграден.

„Европа ќе добие гас, во тоа не треба да се сомневате“, изјави Дмитриј Медведев. Премиерот на Русија смета дека Русија има силни правни аргументи со кои може да ја застапува својата позиција, бидејќи меѓународните договори имаат предност над законодавството на ЕУ, кое треба да се гледа како национално законодавство. Медведев истовремено изрази подготвеност за компромис со ЕУ, кој може да биде постигнат на правни основи или „на границата на правото и економијата“. Според мислењето на Татјана Митрова, началник во Одделението за индустрија и гас при Институтот за енергетски истражувања во Руската академија на науки, судирот меѓу Европската комисија и „Јужен тек“ ќе го решаваат правници, а Брисел притоа ќе врши притисок преку Судот за правдата на ЕУ. „Финансиската помош која ЕУ ја дава преку европските програми, на пример, на Бугарија, е помала отколку ефектот кој ќе го изврши врз локалната економија гасоводот и собирањето на транзитните такси“, смета соговорничката на „Комерсант“ од Институтот на РАН.

„Претставници на руската дипломатија сметаат дека ставот на ЕУ за изградбата на „Јужен тек“ во многу аспекти е условен со тоа што со Советот на ЕУ во моментов претседава Литванија, која е во долгогодишен судир со „Гаспром“, пренесува „Комерсант“, повикувајќи се на доверливи извори. Меѓутоа, веќе од јануари претседавањето со Советот на ЕУ го презема Грција, која и самата е една од потписничките на договорот за изградба на гасоводот (иако според финалниот план гасоводот не поминува низ оваа земја) и истовремено е заинтересирана за руски инвестиции. Освен тоа, би можело да дојде и до промени во личниот состав на Европската комисија. „Се добива впечаток дека противењето на изградбата на „Јужен тек“ во значајна мера е последица на личниот став на европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер“, истакнува Митрова. Петгодишниот мандат на господинот Етингер на позицијата европски комесар истекува во 2015, пред планираниот почеток на експлоатацијата на гасоводот.

Иднината на проектот „Јужен тек“ ќе биде една од темите на состанокот на министрите за енергетика ЕУ 12 во декември во Брисел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња