Лидерите на Комунистичката партија на Руската Федерација и „Праведна Русија“ упатија критика кон амбасадорот на Русија во Киев, Михаил Зурабов, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
Генадиј Зјуганов и Сергеј Миронов сметаат дека амбасадорот во Украина не е доволно активен во застапувањето на интересите на Русија и дека не ја информира Москва навремено за она што се случува во Украина.
Зјуганов изјави дека во Државната Дума ќе поднесе предлог за „адекватна и правдана“ декларација за ситуацијата во Украина. Подготвеност за поддршка на оваа декларација изрази и Сергеј Миронов и претставниците на Либерално-демократската партија на Русија и партијата „Единствена Русија“. Декларацијата на Думата ќе се однесува на демонстрациите на украинската опозиција кои започнаа во ноември поради одлуката на украинската Влада да го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче