Руската војска доби системи за пасивна радиолокација кои „гледаат“ 2,5 пати подалеку од системот на претходната генерација, пренесува весникот Известија. Министерството за одбрана во вооружувањето ги вклучи станиците за радио-електронско извидување и управување „Москва-1„.
Оваа станица за пасивна радиолокација може да открие зрачење од авиони и крстосувачки ракети на далечина од 400 км, како и да го открие видот на зрачење и степенот на опасност. Станицата за радио-техничко набљудување од претходната генерација (СРТР „Автобаза“) открива цели на оддалеченост од 120-150 километри.
Новиот систем го скенира воздушниот простор, и кога ќе ја открие непријателската техника ги проследува податоците до средствата за радио-електронска борба заради неутрализирање на целта. „Москва-1“, за разлика од обичните радари, работи во режим на пасивна радио-локација - детектира зрачење од целта, додека самиот систем останува невидлив за противникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче